(Видео) Претседателот открива: Има луѓе кои следат што пишуваат граѓаните за мене на социјалните мрежи и ме известуваат

t

Стево Пендаровски во опуштено новогодишно интервју на ТВ21, зборуваше за пишувањата на социјалните мрежи и на медиумите за него.

Тој откри дека тоа го работи тим на луѓе кој секое утро го информираат претсеадтелот за пишувањата на социјалните мрежи.

„Тоа го прави администратор, тој е вработен во кабинетот. Има луѓе кои се задолжени за социјалните мрежи. Формално не го работам директно, но ме информираат што се пишува за мене. Има луѓе и со барања. Не ги читам сите директно, ми даваат секое утро пресек на тоа што се пишувано за мене и во медиуми и на социјални мрежи. Им велам дајте ми ги лошите аргументи. Критики може да има, но мора да има аргумент. Оние кои имаат аргумент, мора да го прочитам за да се поправиме“, рече Пендаровски.

Претседателот кажа дека не постои човек кој е имун на коментари и откри дека неговата сопруга влегува и чита коментари.

„Нема човек кој е имун на некои коментари, затоа што задираат во длабоката интимиа. И еден од начините е да не читаш се. И тоа го сугерираме, но сопругата знае скришум да влезе. Синот еднаш влезе и направи лимитирано време на присуство, затоа што забегуваше, но најде начин да заобиколи“, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…

Пендаровски: Да ги надминеме поделбите и да…

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните…