(Видео) Приватните автобуски превозници во Скопје бараат помош од државата поради огpoмното покачување на цената на метанот

t

Приватните превозници во Скопје денеска апелираа Владата да им помогне, бидејќи се соочуваат со економска штета, поради покачувањето на цената на метанот.

Директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на денешната прес-конференција рече дека е доведено во прашање нормалното функционирање на автобусите, оти превозниците се соочуваат со бројни проблеми, а поскапувањето на метанот е само дополнителен удар.

На метан возат 21 автобус од Слобода превоз и 33 на ЈСП-Скопје. Помош од Владата минатата недела побара и ЈСП.

Во моментов, кон добавувачите на метан и нафта имаме долг од 43,5 милиони денари. Ниту за време на пандемијата не сакавме да организираме протести, бидејќи го имавме предвид актуелниот момент, не сакавме дополнително да ги оптоваруваме граѓаните и да ја прекинеме работата. Одевме на помал отпор, се обраќавме со писма, вербални притисоци, но за жал ништо од тоа не беше прифатено, никаква комуникација немавме за да го решиме тој проблем. Единствено ни остана приватните превозници да се задолжуваат кај добавувачите и да подигнат кредит, за да можат да ја извршат услугата што одговорно ја преземале во интерес на граѓаните, рече Јовановски на прес-конференција.

Цената на метанот се зголеми за двојно и сега изнесува 110 денари, а до пред нова година беше околу 46 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е противуставно да бидам премиер, вели…

Претседателот на собранието Талат Џафери вели дека…

Битиќи: Да изгласаме техничка влада и уставни…

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи смета дека…

Галант: Израел не планира трајно да остане…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска…

Приведен скопјанец кој ја тепал партнерката

Скопјанец кој ја нападнал вонбрачната партнерка во…

Во водите на Дрим е пронајдена автоматска…

На 09.12.2023 во 13:50 часот во Полициското…