(Видео) Проблемот со иселувањето на лекарите е сложен и не треба да се користи за дневно-политички поени

t

Во денешната епизода на МРЕЖА поранешниот министер за здравство Никола Тодоров го коментира големото иселување на медицинскиот персонал од Македонија.

– Не се селат само лекарите, се селат сите и тоа е опасен тренд кој ја убива нашата држава комплетно. Ако тоа се надополни на негативните демографски трендови ние ја губиме државата. Здарвстото ги следи трендовите, ниту предничи, ниту заостанува. Се селат и инженери, лица со средно образование, се селат сите кои мислат дека ќе најдат живот кој е подобар надвор.

Околу лекарите има поголем проблем, нашите одат во Германија, а од Германија исто така се селат лекарите. Нашите одат во Словенија, словенските во Германија, германските во Швајцарија, ниту една земја не може да им плати на лекарите колку што им плаќа другата држава. Ова е сериозен проблем на ниво на свет и во основа нивото на плата се надополнува на хроничниот недостаток на здравствен кадар поради стареењето на населението.

На ниво на свет недоволно се продуцира медицински персонал. Ова е сложена работа и многу често се злоупотребува во политички контекст, лекарите не си одат првенствено заради тоа што се случува тука, си одат заради подобри примања таму. Тие примања тука не може да ги добијат, ние ако им дадеме 2000 евра плата тука, Германија ќе им даде 6000 евра и ние не можеме да ги задржиме, вели Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен е и трет осомничен во врска…

Приведено е уште едно лице во врска…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

Младите лекари ќе бидат ангажирани во вакциналните…

Ве известуваме дека Министерството за здравство веднаш…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…