(Видео) Продолжи потрагата по 12 исчезнати по пожарот на траектот кај Крф – Од МНР сеуште нема информации дали имало наши државјани

t

Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со часови останаа заглавени во траектот, но по нивната идентификација произлезе дека еден од нив, веројатно мигрант, нелегално патувал и не бил на официјалната листа со патници. Траектот сè уште се наоѓа во морскиот дел во близина на Крф, а денеска продолжува и гаснењето на пожарот.

Припадници на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба вчера попладне ги извлекоа двете лица заглавени во траектот, а претходно, на островот Крф беа пренесени 278 патници и членови на екипажот.

Министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис истакна дека станува збор за гигантска операција за потрага и спасување и по негова наредба веќе е започната истрага за утврдување на причините за пожарот.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служба.

Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната.

Траектот „Euroferry Olympia“ пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица кон Бриндизи, а според официјалните списоци имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Во бројот на спасени вклучени се уште две лица, кои не биле на списокот со патници и веројатно нелегално патувале кон Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот МНР: Грција нема да гласа за…

Грција следниот месец ќе се воздржи од…

(Видео) Силно невреме, поплави и прекини на…

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса,…

Грција ѝ заби нож во грб на…

Известувачот за прием на Косово во Советот…

Службеник на италијанската влада му доставувал расипано…

Неименуван функционер на италијанското Министерство за образование…

Грција нуди бесплатен одмор а 25.000 туристи:…

Страшните шумски пожари што ја опустошија Грција…