(Видео) Продолжуваат заканите кон новинарот Салиу, тој им врати: Старомодни УДБАШКИ тактики на заплашување НЕ ПОМИНУВАТ!

t

Продолжуваат суптилните закани кон новинарот Фуркан Салиу кој вчера објави втор дел скалдалозни документи на највисоките тела на ВМРО-ДПМНЕ. На состаноците се одредувале луѓе одговорни за креирање на лажни вести, како да се местат анкети, како да се искористува националниот сервис МРТВ за партиски цели.

Салиу на Фејсбук му одговори на „новинарот“ кој во емисија на национална телевизија суптилно се заканува со затвор.

– Г. Момировски, овие старомодни удбашки тактики на заплашување не поминуваат.

Затворот мене не ме плаши ако тоа е цената што треба да ја платам за да мислам, пишувам и зборувам СЛОБОДНО.

За мене најголема казна би било доколку сум на слобода а сепак заробен во умот. Заробен во канџите на партијата, стиснат во ќошето на 15 квадратното студио каде што се зборува со саати но не смее да се размислува… Се е смислено а ти си само алатка за сето тоа да се спроведе.

Како и да е, нашата работа е јавна и народот точно знае кој е Горан Момировски, и кој е Фуркан Салиу. Па така ќе ве замолам да не ме нарекувате колега. Сите знаеме каде ќе бидам јас утре и сите знаеме каде сакате вие да бидете утре.

Знам дека желбата да се докажете и да им помогнете на вашите колеги од белата палата е голема ама ви кажав дека со овие старомодни методи ефектот е нула… Само не потсетивте на еден период кога партијата спремаше обвиненија, партијата те судеше, партијата те убиваше.

Вие на медиум со национална концесија констатиравте дека документот е фалсификуван, јас сум виновен и дека треба да одлежам 10 години затвор.

Г. Момировски, ние не сме колеги. – напиша Салиу на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја сепак ќе ја снабдува Русија…

Северна Кореја одлучи да почне да ја…

Мртво тело на новинар пронајдено во Мексико

Независен новинар е пронајден мртов на северот…

Уапсен охриѓанец – Се заканувал на странски…

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал…

Кина нема да ја откаже поддршката за…

Кина не се подготвува да ја откаже…

(Видео) Монструозно: Украински новинар во живо повикува…

Украински новинар повикува на „Истребување на руските…