(Видео) Продолжува хаосот во средното училиште во Демир Хисар: Полицијата ги легитимира новинарите, обиена канцеларијата на директорката – адвокатот Стефановски со лекција за присутните
Продолжува драмата во Гимназијата од Демир Хисар, откако полицијата се обиде во носилка да ја однесе директорката Маја Лозановска на распит во полициска станица.
Имено директорката од страна на градоначалникот на Демир Хисар незаконски беше разрешена во очи на изборите додека таа го користи своето боледување па откако не можеле да ги пронајдат печатите за да направат фалсификат се обидоа преку злоупотреба на правосудните органи преку претрес истите да ги најдат во нејзиниот дом.
Сепак директорката Лозановска печатите ги чувала соогласно закон заклучени во сеф во нејзината канцеларија.
Денес Лозановска заедно со нејзиниот адвокат отидоа во училиштето каде соогласно Закон, Лозановска се уште е директор, а таму ја начекаа нејзината канцеларија обиена по што настанот го пријавија во полиција.
На госпоѓата која се претстави како В.Д. директорка на средното училиште адвокатот Жарко Стефановски и посочи дека соогласно Закон, Лозановска се уште е директор на училиштето и им ги објасни сите процедуи и Закони кои се прекршени.
Жената која се претстави како В.Д. директока на училиштето замоли да не се снима средбата, но сепак Стефановски истото не го дозволи.
Драма имаше и пред училиштето каде полицијата спротивно на Закон и процедури ги легитимираше присутните новинари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКО-АКТИВИСТИ ИЛИ АНАРХИСТИ?! Борците против рудници во…
Не запираат двосмислените пораки кои ги испраќаат…
Во Скопје изречени казни од над 80.000…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…
Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…
Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…
Eве што се ќе дадат Бугарите за…
Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…
(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…
Драматични тврдења за насилството во авионот на…