Објавено на:

(Видео) Пропалестински демонстранти ја прекинаа вечерата на Џастин Трудо

t

Две лица беа уапсени откако околу 250 пропалестински демонстранти го опколија ресторанот во Ванкувер во кој вечераше канадскиот премиер Џастин Трудо во вторникот вечерта, соопшти полицијата.

Според портпаролот на полициската управа во Ванкувер, Стив Адисон, 100 полицајци биле распоредени да ја растераат толпата додека Трудо бил придружуван од полицијата во неименуван ресторан во Кинескиот кварт.

Еден полицаец беше хоспитализиран откако демонстрант го удри со тупаница и се обиде да му ги ископа очите, рече Адисон. Полицијата употребила електро шок (тејзер) за да го совлада 27-годишниот осомничен, кој и понатаму е во притвор. Вториот човек беше уапсен поради попречување на полицијата и подоцна беше ослободен.

Претходно во вторникот, Трудо беше нападнат од демонстранти во индиски ресторан во друг дел од градот. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како активисти се соочуваат со премиерот кога тој седи на масата. Тие повикаа на прекин на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа, извикувајќи „Срам да ви е!“ и „Џастин Трудо, ти го финансираш геноцидот!“ Премиерот брзо ги напушти просториите без да комуницира со активистите.

Шарлот Кејтс, организатор на мрежата за солидарност на палестинските затвореници Самидун, која присуствуваше на двата протести, им рече на новинарите дека активистите барале од Канада да заземе вистинска позиција за воената операција на Израел во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…