(Видео) Противпожарната бригада на Свети Николе доби нов објект – донација од Американската амбасада

t

Пуштена во употреба новата противпожарна станица во општина Свети Николе со поддршка од Американската амбасада. Според амбасадорката, Ангела Агелер, станицата е резултат на стремежот за посигурна иднина на жителите, а ќе им помогне на пожарникарите подобро да се екипираат и подготват за да ги заштитат жителите од овој регион.

„Пред две лета кога пожарите беснееја низ Северна Македонија, САД сочувствуваше со шокот и тагата со граѓаните. Како партнери, одлучивме да им помогнеме на службите за прва помош и итни интервенции на Северна Македонија за да се справат со тоа. Членовите на противпожарната бригада си веруваат и се потпираат еден на друг обезбедувајќи безбедност и ефикасност додека се справуваат со заканата од огнените јазици. И во истиот дух на соработка оваа станица служи како потсетник на трајното партнерство помеѓу САД и Северна Македонија“, истакна Агелер.

За придонесот се заблагодари и градоначалникот на Општината, Дејан Владев. До крајот на оваа година, односно како што вели Владев, на 23 декември, противпожарната единица ќе добие ново противпожарно возило, обезбедено преку Вардарскиот плански регион. Во Буџетот за 2023 година, пак, Општината од сопствени средства има предвидено набавка на теренско возило.

„Новата противпожарна станица е изградена со грант во износ од 450.000 американски долари и е изградена по најновите светски стандарди и е највисок чин и израз на пријателство на една пријателска земја што го има изразено кон нашата општина Свети Николе и Република Македонија. Нашите пожарникари претходно функционираа во една застарена зграда која не беше реновирана од 60 години на минатиот век и не беше воопшто соодветна, а беше и ризично да се пристојува во неа. Новиот објект којшто ни го изгради Амбасадата на САД ќе ни овозможи подобро функционирање на нашите пожарникари, но во исто време ќе ни овозможи и побрза интервенција во случај на заштита“, истакна Владев.

Во пресрет на патронот на градот, празникот „Св. Никола“, Општината на Амбасадорката Агелер ѝ ја додели највисоката награда, плакета за особен придонес во противпожарната заштита на Општина Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…