(Видео) Прочистителна станица на Вардар ќе има – Арсовска нема да дозволи злоупотреби!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се обврза пред граѓаните за изградбата на прочистителна станица на Вардар на денешната прес-конференција.
Таа истакна дека постапката ќе продолжи, ќе има нов директор на Водовод и во никој случај нема да дозволи злоупотреби, нетранспарентност, а градот или граѓаните да бидат оштетени.
-Парите нема да пропаднат. За овој проект си има договор и ние ќе ги спроведуваме насоките кои што ги има во тој договор. Во секој еден проект кој е од овој обем и од оваа големина нормално е да има предизвици, тука се соочуваме со предизвик кој ќе се обидеме да го надминеме и во секој еден случај нема да дозволиме да нешто кое е од исклучително значење за градот Скопје да пропадне. Меѓутоа постапката ќе биде транспарентна и мора да се води сметка за она што Градот Скопје како една од засегнатите страни во целиот овој процес нема да биде ниту злоупотребен ниту оштетен, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…