Објавено на:

(Видео) Путин: Некои луѓе се спремни да ја продадат и сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на “вишата каста” – Европската Унија

t

„Таквите луѓе се подготвени да ја продадат сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на оваа „виша каста“ – вели рускиот претседател Владимир Путин кој навести дека Западот се обложува на „петтата колона“.

Во неговиот говор Путин нагласи дека:

– Ако руските трупи дејствуваат само во Донбас, тоа нема да доведе до елиминација на заканата, таму би лежела нова линија на фронтот, вели тој.

Путин напоменува дека оние кои ја турнаа во војна Украина се западните сили.

-Западните газди го туркаат Киев на крвопролевање со снабдување со оружје и испраќање платеници, додава тој.

За санкциите вели дека тие се сериозен удар за целата глобална економија, а САД и ЕУ всушност не ги исполнија обврските кон Русија, замрзнувајќи ги нејзините резерви.

Путин напомена дека Русија, за разлика од западните земји, ќе го почитува правото на приватна сопственост, додавајќи дека сега знаеме кој кукавички ги изневери сопствените сојузници и партнери.

Погледнете го видеото во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Раководството во Киев „полуде“

Прогонувањето на Русите од страна на украинските…

Фајненшл тајмс: Саудискиот крал Бин Салман го…

Високи британски пратеници го опишаа пријавениот потег…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…

Иранскиот претседател пристигна во Москва

Ебрахим Раиси треба да се сретне со…