(Видео) Путин: Одлуката за признавање на ДНР и ЛНР ќе биде донесена денеска

t

Рускиот претседател Владимир Путин на вонредна седница на Советот за безбедност најави дека одлуката за признавање на ДНР и ЛНР ќе биде донесена денеска.
Претходно, министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу се изјаснија ЗА признавањето на двете самопрогласени републики.
Истото мислење го изразија и другите членови на Советот за безбедност.
Претседателот ги слушна членовите на Советот за безбедност кои се залагаа за признавање на независноста на ЛНР и ДНР, но се уште не ја соопштил конечната одлука, ветувајќи дека таа ќе биде донесена денеска.
„Почитувани колеги, го слушнав вашето мислење. Одлуката ќе биде донесена денеска“, рече Путин, заблагодарувајќи им се на членовите на Советот за безбедност кои учествуваа на состанокот.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека има потреба од признавање на Народните републики Доњецк и Луганск.

„Во оваа ситуација немаме избор. Затоа велам недвосмислено „да“. Да, мора да признаеме“, нагласи Шојгу.
Од своја страна, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, зборувајќи за признавањето на ЛНР и ДНР, рече дека не гледа друг начин.
„Што се однесува до предлогот да му се даде на Западот уште два или три дена да го промени начинот на размислување -Западот нема да го промени својот став “, заклучи Лавров.
Ситуацијата на контактната линија во Донбас ескалира утрото на 17 февруари. Самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск беа изложени на најинтензивно гранатирање од Украина во последните месеци. Во петокот, на 18 февруари, водачите на ЛНР и ДНР, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, најавија евакуација на жителите на републиките во Русија поради зголемената закана од борбени операции. Во саботата во републиките почна општа мобилизација. Претходно денеска лидерите на ДНР и ЛНР апелираа до претседателот на Русија да ја признае независноста на самопрогласените републики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…