(Видео) Пaникa во Донбас, се огласија сирените за тpeвогa, граѓаните се евaкуираат во Русија

t

Сирените за тревога се огласија во Донбас, јавува дописникот на Спутник од местото на настанот. Лидерот на ДНР Денид Пушилин изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за започнување на офанзивата на Донбас и дека од денеска е организирано масовно заминување на населението од ДНР во Русија.


Како што наведе, во договор со руските власти, во Ростовската област се организирани контролни пунктови за прием на евакуирани од ДНР и ЛНР.

На граничните пунктови меѓу ДНР и Русија се создадени услови за брз премин на граѓаните.
„Претседателот Зеленски наскоро ќе издаде наредба до војниците да тргнат во офанзива во Донбас и да го реализираат планот за инвазија на територијата на самопрогласените ДНР и ЛНР“, изјави Пушилин во видео-обраќањето на неговиот канал Телеграм.

Според него, вооружените сили на Украина се во состојба на борбена готовност и се подготвени да го нападнат Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…