(Видео) Разграбување на македонското културно-историското богатство во Штип

t

Девастација и разграбување на културно-историското богатство во Штип. Во изминатите неколку денови се случија серија на кражби на оловни плочи од кровната конструкција на некогашниот затворен пазар, а сега уметничка галерија „Безистен“, еден од симболите на градот. Дрскоста на крадците или поточно вандалите оди до таму што, среде строг центар, пред очите на минувачите, 26 годишен штипјанец почнал да ги краде оловните плочи. – Пренесува Сител.

Тој дошол со возилото, се паркирал, се качил на мердевен и почнал да оперира. Значи, тоа е навистина храброст, во центарот на градот, така да функционираат, односно да крадат и да уништуваат, изјави Митко Штерјов, директор на Завод – Музеј – Штип.

Крадецот е фатен и приведен, но кражбите стивнале само за време на новогодишната ноќ. Една плоча тежи од 40 до 50 килограми, а досега се украдени 26 и е направена материјална штета од над 10 000 евра. Оловото се продава кај откупувачите на стари метали, кои мора да бидат свесни за потеклото на откупените предмети.

Ако се најде кај некој од откупувачите и тој ќе ја сноси одговорноста, изјави Штерјов.

За заштита на вакви објекти ќе мора да се вклучи и месното население. Во прво време ќе се постави чуварска служба во вечерните часови.

Во соработка со локалната самоуправа ќе настојуваме што повеќе да се осветли овој објект и да се постават алармни уреди и камери, додаде Штерјов.

Безистенот датира од XVII век, изграден e од камен со оловна кровна конструкција. До сега објектот успешно му одолева на „забот“ на времето, но не може да се справи со алчните и неодговорни граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…

Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…

Телеграф: Музеј во Обединетото Кралство прогласи римски…

Елагабалус, наводно, ќе се нарекува „таа“, бидејќи…

21-годишник од Штип со пиштол пукал кон…

МВР информира дека вчера во Штип, полициски…

Штипскиот Универзитет прими над 20 студенти преку…

Над 20 студенти од неколку европски држави…

Хероин пронајден кај затвореник во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26)…