(Видео) Растот на Левица е незапирлив, го загрижуваме “љубовниот триаголник” меѓу ДПМНЕ, СДСМ и странците
Евроскептицизмот во Македонија си го создаде самата ЕУ, не им треба ни руски пари ни руско влијание за да расте евроскептицизмот во Македонија, вели во денешната епизода на Тешки муабети портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
– Ние и да сме членки на ЕУ пак ќе ги трпиме истите критики, ЕУ не остана конзистентна на ниту еден став во врска со Македонија. Многу пари се испумпани во изминатите години да се каже дека немаме друга алтернатива од ЕУ, се создава таков привид, вели Мециновиќ кој смета дека решение за моменталната ситуација во државата може да се реши одколку се излезе од криминалната и корумпирана матрица.
-Тие кои ќе дојдат на власт треба да бидат чисти и неискорумпирани луѓе. Зошто да не мислиме дека Мицкоски сега сака да дојде на власт за да ги прикрие своите криминали. Првиот чекор е излегување од матрицата на корупцијата и мафијата, од матрицата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ. Не може веќе да се даваат гласови на такви партии, движења како на Максим Димитриевски, на секои неколку години се појавува такво некое движење кое си се враќа после надаз кон матрицата.
Во овој момент ништо не може да го запре растот на Левица, го загрижуваме љубовниот триаголник на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и странците. Растот на Левица е незапирлив, тој може да се сабтира преку разни трикови, но тоа е саботажа на демократскиот порив, вели Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…