(Видео) Редарите „ловеа“ и одземаа знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините
Ракометната репрезентација на Македонија во последното коло на првата фаза на Светското првенство се судри со Гвинеја. Одново на трибините во „Арена Вараждин“ има голем број наши навивачи. Иако бројката не е како онаа од петокот против Унгарците, повторно има веројатно меѓу 1.500 и 2.000 наши навивачи, пишува ГОЛ.мк.
Редарската служба овојпат е најстрога од стартот на првенството. Освен скандалите на влез со одземањето на знамиња со сонцето од Кутлеш, овојпат редарите „ловат“ знамиња и по трибина. Тие ги одземаат знамињата, а влегуваат и во конфронтации и турканици со македонските навивачи.
Поради слична ситуација и конфронтација дојде и до исфрлање на македонски навивачи во првиот дел од натпреварот.
Извор: Gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…