(Видео) РЕМЕК ДЕЛО – Барди се прошета низ одбраната: Македонија води во Гибралтар

t

Фудбалската репрезентација на Македонија во средината на првиот дел дојде до предност на гостувањето кај Гибралтар (0-1) во рамки на Лигата на нациите.

Се играше 20. минута кога погоди Енис Барди. Играчот од средниот ред по еден корнер зеде топка откосо и се прошета низ одбраната, па ја смести во мрежата на ривалот.

Фудбалерот на Леванте погоди од првата своја прилика на натпреварот, а Македонија досега имаше повеќе шанси за погодок. Еднаш се закани и Гибралтар, по грешка на Висар Муслиу.

За Енис Барди ова беше јубилеен десетти гол во дресот на репрезентацијата. Тој погоди и на претходниот натпревар против Гибралтар во Скопје во рамки на Лигата на нациите во 2018 година.

Извор: Гол мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…