(Видео) Ристевска од Советот на Европа: Загубени 59 млади животи поради корупција, причина – Систем кој не успева да го заштити својот народ
На 48-та сесија на Конгресот на локални и регионални власти во Советот на Европа, Тијана Ристовска, младинска делегатка од Северна Македонија, одржа говор. Нејзиното обраќање, во рамките на дебатата за локалната и регионалната демократија, упати силна порака за итната потреба од систем без корупција.
Ристовска ја истакна трагедијата која се случи на 16 март 2025 година во Кочани, кога разорен пожар однесе 59 млади животи и остави над 150 повредени.
„Причината? Корупција. Систем кој не успева да го заштити својот народ. Ова не е само трагедија на една земја, туку реалноста на целокупниот Западен Балкан“, додаде Ристовска. „Како млад човек, често слушам дека демократијата подразбира гласање, протести и избор на иднината. Но што се случува кога младите повеќе не веруваат дека нивниот глас е важен?“ истакна Ристовска.
Таа нагласи дека политичките партии во регионот ја изгубиле својата идеологија, а владеењето се сведува на тоа кој ја има моќта, а не како се користи таа моќ.
„Ако демократијата навистина функционираше, оние на власт немаше да се плашат од информирано и ангажирано општество“, истакна Ристовска. Корупцијата не е само поткуп на високо ниво; таа е и во секојдневните кратенки и моментите кога системот победи. Не можеме да го прекинеме кругот само преку закани“, продолжи таа.
Ристовска предупреди дека Западен Балкан споделува слични проблеми со младинското учество и поларизирано општество. На крајот, таа повика на преработка на наративот за политиката, нагласувајќи дека политиката не е само партија, туку и одговорност.
„Ако политиката се прави правилно, може да биде сила на доброто. Ајде да се осмелиме да веруваме дека може да работи“, заврши Ристовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се додека не се зголемат откупните цени…
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Три ер трактори се вклучуваат во гаснењето…
Три ер трактори се подготвуваат за полетување…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
Ангелов за Карпалак: Вечна ви слава, херои…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…