(Видео) Ристовски: Целиот родољуб македонски народ да даде поддршка за Стевчо Јакимовски!

t

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски, денеска на прес-конференција од сопствено име и од име на неговата партија повика родољубиот македонски народ да даде поддршка за кандидатурата на господинот Стевчо Јакимовски за претседател на државата.

– Актуелниот политички момент сериозно ја налага потребата од прегрупирање на силите во третиот политички блок на македонската политичка сцена, со фокус, да се изнедрат сите потенцијали за коалициско форматирање на претседателските и парламентарните избори.

Во актуелниот политички моментум Интегра – македонска конзервативна партија, цени дека треба да се поддржи кандидатот за претседател којшто има изразени антисорос, антиглобалистички, антинео-либерални позиции, којшто има јасни и експлицитно изразени промакедонски ставови. За жал на актуелнава политичка сцена со кандидатурата за претседател имаме исклучиво соросови опции од оние релевантни политички субјекти кои се во моментот во трката за собирање на потписи.

Да започнеме од „Гога Сорорс“, Силјановска, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ која е одлично позната на македонската јавност како соросов пулен, потоа Максим Димитриевски којшто потекнува од соросовата СДСМ, кој беше еден од главните идеолози и поборници во „Шарената револуција“, гласноговорник за „северна“. Ванковска, којашто е кандидат на радикална Левица, која е во суштина сороов производ, партнер на СДСМ во шарената револуција, во СЈО, а за актуелниот претседател Пендаровски да не говориме. Посорос од него нема на сценава.

Во дадениот политички момент цениме дека кандидатот Стевчо Јакимовски е одлична прилика за македонскиот народ и држава, цениме дека тој има сериозен потенцијал и за државник и за врховен комендант којшто нема да ведне глава и да вие кична пред „Калето“, пред разни амбасадори и мисионери, разни октроирани центри на глобалистичка и неолиберална моќ.

Затоа Интегра и јас лично го повикуваме гордиот дел на македонскиот народ, ги повикуваме сите оние патриотски сили коишто имаат љубов за својот народ и својата татковина, на коишто им гори душата од злоделото што е сторено со натурањето на северната будалаштина, сите оние кои навистина сакаат промена на политичката сцена во Македонија, да застанат со потписи за кандидатурата на господинот Стевчо Јакимовски.

Сега е време да бидеме храбри за промени, сега е време вистинските луѓе во вистински момент да донесат вистинска одлука и да го дадат својот глас за кандидатот Стевчо Јакимовски, истакна Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ристовски од Куманово: Внимавајте на кого…

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра…

Ристовски: Храбар македонски народе, изберете храбар претседател…

Во изминативе 20-тина дена, коалицијата „Храбро за…

(Видео) Јакимовски: Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе…

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе се спротивстави…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…