(Видео) Русија претстави ново оружје за борба против дронови
Руската одбранбена индустрија разви нов вид муниција наменета за борба против беспилотни летала, која според производителите треба да ја зголеми веројатноста за погодување на брзи воздушни цели.
Станува збор за таканаречени „повеќепроектилни“ куршуми, кои по испукувањето од автоматска пушка се разделуваат на три проектили веднаш по напуштањето на цевката. На овој начин, наместо еден куршум, кон целта се насочуваат три проектили, што создава поголема зона на погодок и ја зголемува шансата за соборување на мал дрон.
Новата муниција е развиена за стандардните калибри 5,45×39 mm и 7,62×39 mm, што значи дека може да се користи со голем број постојни автоматски пушки без дополнителни модификации. Производството го врши руската компанија „High Precision Systems“, која е дел од државната одбранбена индустрија.
Според достапните информации, проектиливе имаат ефективен дострел до 300 метри, а нивната главна предност е создавање поширок простор на дејство против брзо движечки цели, како што се беспилотните летала.
Иако концептот на повеќепроектилна муниција не е нов и со децении се користи во различни форми, разделувањето на куршумот веднаш по излегувањето од цевката претставува нов пристап во борбата против дронови.
Сепак, воените аналитичари предупредуваат дека ефикасноста на оваа муниција сè уште не е независно потврдена. И покрај поголемата веројатност за погодок, успешното соборување на дрон и понатаму зависи од способноста на стрелецот навреме да ја забележи и прецизно да ја следи целта, особено кога станува збор за летала кои можат да достигнат брзина и до 140 километри на час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…