(Видео) Руските трупи навлегоа во областа Припја

t

Руски трупи навлегоа во областа Припјат. Во моментотв се одвиваат борби во неколку поголеми градови,

Средбата меѓу Украина и Русија, планирана во следните неколку часа, може да заврши со прекин на огнот, изјави украинскиот амбасадор во Турција Василиј Боднар.
Украина договори преговори во регионот Гомел, каде што оди руската делегација, изјави претходно помошникот на претседателот на Русија, Владимир Медински.
Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, напомена дека на ова му претходел телефонски разговор меѓу претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и Владимир Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари вторпат во една недела им се обрати на граѓаните на Русија и најави почеток на „специјална воена операција“ во Донбас.
Според руското Министерство за одбрана, руското оружје со висока прецизност уништува само воени објекти, воздушни бази, воздушна одбрана и воздухопловни системи на вооружените сили на Украина. Нема никаква опасност за цивилното население.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари потпиша указ за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск.
Народните републики Доњецк и Луганск беа формирани во 2014 година по насилните протести против новото раководство на земјата, кое дојде на власт по Мајдан. ДНР и ЛНР се создадени по референдумот за самоопределување и прогласувањето на суверенитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…