(Видео) Руски оклопни дивизии со знаме со ликот на Христа се упатија кон фронтот: Русија ги евакуира своите дипломати од Украина

t

Ако претходно официјалните руски претставници посочија дека војните не почнуваат во среда, очигледно денеска се демантираат самите себе си со своите активности на фронтот во регионот Донбас во Украина.

Последните снимки упатуваат дека руски оклопни дивизии се движат во правец на позициите на украинската армија на фронтот во Донбас.

Пред малку на украинските војници им пристигна циркуларна порака во која се наведува дека треба да го напуштат фронотот ако сакаат да ги спасат своите животи.

Истовремено руските дипломати ширум украина се евакуираат и враќаат назад во Русија.

Се упатува на тоа дека попладнево започнува руска офанзива во Донбас.

Имено клучниот проблем кој се јавува по поризнавањето на сепаратистичките републики од страна на Русија е фактот што Путин ги признава во рамки на границите од референдумот за независност во 2014-та година, а границите опфаќаат територија која се уште е под контрола на украинската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…