Објавено на:

(Видео) РУСКИ РОБОТЧИЊА ЗА ДОСТАВА ГИ ИЗНЕНАДИЈА БЕЛГРАЃАНИ: „Дистопијата е сè посилна секој ден“

t

Беспилотни возила-роботи на рускиот ривал на „Гугл“ познат како компанијата Јандекс почнаа да доставуваат пратки во делот на Белград со нови повеќекатници кој популарно се нарекува „Белград на вода“. Пратките можат да бидат со големина до 15 килограми, а секој робот преку камери со висока резолуција си ги скенира патот и околината.

Појавата на робот доби мешани реакции на Твитер од белграѓани.

„Роботите за испорака на Јандекс почнаа да работат во Белград на вода . Дистопијата во Белград на вода станува сè посилна секој ден“, напиша еден твитерџија.

Во Москва и во други градови низ светот ваквите пратки стануваат секојдневие.

Ваквите пратки ги најави српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на месецот. Според него, тие би ги замениле луѓето кои доставуваат пратки во компании како „Wolt“ и „Glovо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…