(Видео) Саботажа во близина на Москва, проукраинските сили снимија како палат сателитска комуникациска станица
Во Московската област е уништена сателитска комуникациска станица, а одговорност за саботажата денеска ја презеде проукраинската организација Атеш кона, која дејствува и на територијата на Русија. Оваа организација објави видео на Телеграм во кое еден од нивните „агенти“ истура запалива течност на сателитската комуникациска станица „R-441 Liven“.
Набрзо била зафатена од пламен и изгорела.
Атеш тврди дека тие ја извршиле саботажата во областа Клинск во Московската област, на околу 85 километри од главниот град на Русија.
Од организацијата велат дека опожарената сателитска комуникациска станица му припаѓала на 584-от ракетен полк за воздушна одбрана на руската армија и била дел од системите за противвоздушна одбрана кои го штитат регионот.
Атеш тврди дека овој напад ги „ослабнал системите за противвоздушна одбрана на целиот московски регион“.
Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди тврдењата на Атеш и да утврди каде точно се случил инцидентот прикажан на видеото.
Се наведува дека украинската армија не го коментирала овој напад.
ATESH destroyed a satellite communication station in the #Moscow region
An agent of our movement carried out sabotage, destroying the R-441 Liven satellite communication station. pic.twitter.com/yG9iX4CCOJ
— Spotlight (@SpotlightNeedy) June 12, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…