Објавено на:

(Видео) Само во Кина: Изграден најдолгиот подводен тунел во светот за само четири години

t

По четири години изградба, Кина го отвори својот најдолг подводен тунел досега, кој е дел од автопатот. Станува збор за тунел Таиху, долг 10,79 километри, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу.

Владини претставници соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а работата започнала на 9 јануари 2018 година. Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри. На таванот на тунелот има LED осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачот. Тоа е дел од автопатот Чангжу-Вукси долг 43,9 километри, кој исто така беше пуштен за сообраќај во четвртокот, пишува Klix.ba.

Овој автопат е алтернатива за патниците кои патуваат помеѓу Шангај и Нанџинг.

Новиот автопат има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху, како и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…

Новиот филм на Том Круз со катастрофален…

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…