(Видео) Санкционирани возачите што се движеа со автомобили по пешачката патека на кејот на Вардар
Полицијата ги идентификувала и ќе ги санкционира двајцата возачи кои со автомобили се движеле по пешачката патека во близина на кејот на Вардар во Скопје.
Случајот стана познат по видео објавено во медиумите на 8 октомври, на кое се гледаат две патнички возила како се движат по површина што не е наменета за автомобили.
Од СВР Скопје утврдиле дека „туран“ со скопски регистарски ознаки го управувал Б.Ќ. (45) од Скопје, додека „мерцедес“, исто така со скопски таблички, го управувал Ј.А. (42) од Скопје.
Против двајцата возачи ќе бидат преземени мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…