Објавено на:

(Видео) Сателитски снимки ја покажуваат сериозноста – Дунав пред и по сушата

t

Сателитски снимки од повеќе локации во Европа откриваат драстичен пад на нивото на реката Дунав. Снимките ги споредуваат состојбите од 2025 година со последните кадри од истите региони, каде што на местото на некогашниот речен тек сега се гледаат оголени песочни брегови. Ова повлекување доаѓа во период кога Европа бележи најбрз пораст на температурите од сите континенти и се бори со рекорди на топлотни бранови.

Новите сателитски снимки јасно ја оцртуваат разликата меѓу состојбата од минатата година и сегашната слика долж текот на Дунав. Водата се повлече од бреговите во повеќе европски земји низ кои минува реката, а на места каде што претходно пловеа бродови, денес се појавија големи песочни површини.

Податоците што ги придружуваат снимките укажуваат дека европскиот континент се загрева со најбрзо темпо во споредба со останатите делови од планетата. Позачестените топлотни бранови и долгите периоди без врнежи директно ги празнат речните корита и го загрозуваат водниот екoсистем, што влијае врз целата регионална инфраструктура и снабдувањето со вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки ја покажуваат сериозноста –…

Сателитски снимки од повеќе локации во Европа…

„Кожувчанка“ со демант до СДСМ: Солидарноста е…

Како општествено одговорна компанија на која здравјето…

Најголем дел од пациентите сo западнонилска треска…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави…

Во четврток ќе нема вода на две…

ЈП Водовод и канализација известува дека утре…

Каде одредени луѓе од „врвот“ на СДСМ…

На секоја афера која медиумите ќе ја…