(Видео) Светот му се смее: Го искина билетот од лутина за пораз, па не го виде – епскиот пресврт
Навивач на Шефилд Венздеј е најголем пациент годинава откако иако имаше билет за реваншот со Питерборо во полуфиналето за пласман во Чемпионшип, мечот не го виде зашто од лутина ја искинал влезницата по убедливиот пораз во првиот меч.
Питерборо победи со 4-0 во првиот меч, па Џош Џексон од лутина го искинал билетот, помирувајќи се дека веќе сѐ е загубено и дека неговиот тим нема шанси да надомести таква негатива од четири гола. Кинењето на билетот го пуштил низ видео на социјалните мрежи.
Арно ама, синоќа се случи чудесен пресврт во кој Шефилд во 98-та минута обезбеди продолженија откако дојде до 4-0, па во продолженијата двата тима дадоа по гол за 5-1 по два часа фудбал и на крај победија на пенали со 5-3. Но, Џош мечот не го виде, не беше сведок на можеби најголемиот пресврт во историјата на својот клуб, а веројатно и во историјата на англискиот фудбал.
#swfc pic.twitter.com/DYXqTMRWCz
— Josh Jackson (@JoshJackson111) May 12, 2023
„Не веруваш доволно. Никогаш не го отпишувај тимот за кој навиваш“, му порачуваа илјадници луѓе додека му се смееа на глупоста што ја направи со влезниците.
Многу од навивачите на Шфилд, пак, порачаа дека повеќе не треба ни да стапне на стадион и дека нема ништо од вистински навивач.
Шефилд Венздеј последен пат играше во Премиерлигата во 1999/2000, а во последните две години се дел од Лига 1, третата лига на Англија и воглавно играа во Чемпионшип.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…