(Видео) Светската титула ги побудале Аргентинците: Им скокна во автобус, вториот – тресна на асфалт!

t

Светската титула ги побудале Аргентинците, што не е неочекувано, ама во славјето во Буенос Аирес се претера, па ќе донесе и трагедии.

Хероите не успеаа да стигнат до Обелискот поради безбедносни причини, зашто таму вриеше како во кошница, но проблем беа и булеварите и автопатот каде имаше плева народ, па едноставно автобусот не можеше ни да се пробие.

А, по патот како што кружеше за шампионите да прослават со навивачите, од еден надвозник скокна еден гледач директно меѓу „гаучосите“, вториот не успеа. Неговиот скок на задниот дел од автобусот, потоа заврши со тресок на асфалтот. Засега нема информации во каква состојба е овој Аргентинец.

Според последните најави, планираната тура од 70-на километри по улиците на Буенос Аирес нема да се одржи во целост поради ваквите инциденти.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…