(Видео) СДСМ бара одговорност за Тошковски: Во обид да се оправда се дозаплетка, да постапи Јавното обвинителство

t

Тендер скроен по мерка на Тошковки – 20 дена по основање фирма добива 4 милиони евра.

Министерот Панче Тошковски е фатен жив во скандал тежок 4 милиони евра.

Министерството за внатрешни работи доделило милионски тендер на фирма без ниту еден ден искуство – основана само 20 дена пред распишување на тендерот!

Тошковски сам го потврди скандалот, признавајќи дека договори склучила и фирма само со двајца вработени.

Во обидот да се оправда, Тошковски се дозаплетка, со низа контрадикторности и небулози –со што ги потврди сите сомнежи за класична, организирана корупциска шема.

Одиме по ред.

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата, а истовремено ги намалил критериумите за избор.

Ако навистина се бирал квалитет, зошто не биле поставени јасни услови за искуство и капацитети?

Или зад тој „квалитет“ се кријат квалитетни врски и провизии за Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ?

Таков тендер скроил Тошковски, со намалени критериуми. Очигледно го сошил по негов терк.

Се е бизнис интерес за оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго.

Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет какот што тврди Тошковски?

Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и победи?

Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Никој овде нема наивен, постојат основани сомнежи за местење тендери и блсики релации.

Овде не станува збор за случајност – станува збор за системска корупција на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ бара:

-Итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите лица вклучени во скандалот,

-Испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер, перење пари.

-Поништување на целиот тендер.

Дополнително, бараме јавно да бидат објавени резултатите и споредбите на мострите по ваквите анализи.

Кои биле критериумите за анализа и споредба на мострите од ралзични фирми, кој е резултатот за секоја фирма и како се оценети сите учесници на тендерот?

Граѓаните заслужваат одговори, заслужуваат да видат каков тендер скроил Тошковски и за кого го шиел.

Тендер скроен по мерка на Тошковки – 20 дена по основање фирма добива 4 милиони евра.

Министерот Панче Тошковски е…

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Monday, May 26, 2025

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…

Над 90 уапсени во Србија за две…

Повеќе од 90 лица се уапсени во…

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…

Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…