(Видео) СДСМ не можат да се помират со фактот дека веќе нема расипничко трошење на парите: Наместо да им помогнат на граѓаните тие трошат пати за бадеми и лешници

t

Стефан Стефановски, претседател на Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денес во прес конференција соопшти дека СДСМ троши пари за бадеми и лешници наместо да им помогне на граѓаните.

Ова е целосниот текст од прес конференцијата:

“Почитувани,

Повеќе од јасно е дека СДСМ од ден во ден се повеќе тоне, а доказ за тоа е фактот што апсолутно некомпетентни луѓе се поставени на важни позиции во Владата предводена од Ковачевски, кој за потсетување лажеше за своето образование и навиката за лажење е уште еден показател дека Ковачевски е само продолжена рака на Зоран Заев.

Ова неспособна Влада под раководство на СДСМ, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогнат на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници, што е доволен показател за тоа дека луѓето кои ја предводат Владата не знаат за што се поставени таму и не знаат домаќински да раководат со парите на граѓаните.

На граѓаните им е јасно дека државата ја водат неспособни луѓе без кредибилитет, кои од ден во ден се повеќе придонесуваат за тонење на државата, не знаат да се справат со економската, енергетската и здравствената криза.

Почитувани,

Јасно е дека СДСМ бара спас за своите поразителни и грешни политики, и континуирано го напаѓаат Градот Скопје и градоначалничката Арсовска. Не можат да се помират дека нема повеќе расипнички да се трошат пари на граѓаните за бифтеци и виски, при што директно се виновни за милионските долгови во градот и за сите лоши политики. Затоа граѓаните веќе ги казнија на изминатите локални избори, а бидејќи континуирано не работат во интерес на граѓаните, тоа ќе се случи и на наредните парламентарни избори.

Ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ симболично ќе им ги подариме овие гуми за спасување на СДСМ и Владата, бидејќи тонат во корупција и злоупотреби, 4 милијарди евра буџет наместо да ги употребат да им помогнат на граѓаните, тие сопствениот спас го бараат обвинувајќи ги сите наоколу наместо да понесат одговорност за лошите политики.” – велат од ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…