(Видео) Северина падна на сцената на сред настап

t

Шпанското списание „Hola“ пристигна во Хрватска, каде ќе има свое издание под името „Hello“. По тој повод, вчера беше организирана забава во галеријата „Лауба“ во Загреб, каде приствуваа голем број познати личности.

Една од нив беше и најголемата музичка ѕвезда во Хрватска – Северина Вучковиќ. Покрај тоа што проделифира на црвениот тепих во прекрасна тоалета на дизајнерката Матија Вујица, пејачката имаше и свој музички настап пред присутните.

И додека ја изведуваше нејзината популарна песна „Italiana“, Северина се сопна на сцената и се насмеа за непријатната ситуација.

„Имав кореографија и сакав да ѝ се фрлам на публиката, но кореографијата се случи малку порано. Всупност, јас секогаш сакам вака малку да си одморам на сцената“, напиша пејачката во видеото кое самата го објави на својот инстаграм-профил.

Како прав професионалец, по кратката пауза, таа стана од подот и продолжи со настапот.

„Ова мораше да се случи вечерва. Каде сте ми, дали сѐ уште се на нозе?“, ѝ се обрати таа на публиката и продолжи да пее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрварски медиуми: Судот ѝ го врати синот…

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот…

(Видео) Северина падна на сцената на сред…

Шпанското списание „Hola“ пристигна во Хрватска, каде…

Северина прогласена за виновна, може да оди…

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денеска пред судот…

(Видео) Нова афера на познатата пејачка: Со…

Пејачката Северина Вучковиќ беше во посета на…