(Видео) Сега и измислуваат – Адвокатот на протераните Бугари: Георгиев има скршен нос, ги тепале на контролен пункт

t

Тројцата Бугари од партијата Преродба кои вчера беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка.

Нивниот адвокат информира дека што по полноќ биле пуштени откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци. Адвокат кој има канцеларија во Ќустендил вели дека двајца од нив биле и тепани, пренесе БНР.

– И двајцата беа модри…Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето…ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт. На еден телефонот му го нема – исчезнал. Имало камери, ќе правеле истрага – изјави адвокатот.

Дека пратеникот Георгиев нема скршен нос јасно може да се види да видеото на Инфомакс кога вчера по изрекувањето на пресудата тој објаснуваше дека европски вредности се кога Бугари напаѓаат македонски полицајци, но не се европски вредности кога истите тие полицајци ги приведуваат и најпрофесионално ги водат пред суд.

Георгиев и уште двајца бугарски државјани вчера беа протерани од Мкаедонија, а дополнително треба да платат казна од 300 евра за попречување на службеното лице во вршење на својата должност.

ЛИНК од видеото на Инфомакс по изрекувањето на пресудата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија депортира Бугари обвинети за шпионажа за…

Двајца Бугари кои беа обвинети во Велика…

Радев: Македонија треба само да ги впише…

Единственото нешто што треба да го направи…

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека…

210 Бугари од Македонија се пријавиле за…

На денешните парламентарни избори во Бугарија се…

Во Бугарија пријавени рекордни бројки на странски…

Бугарија известува за рекордно враќање на Бугари…