(Видео) Седуммесечно бебе спасено по поминати 140 часа од земјотресот

t

Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и Сирија, додека десетици илјади луѓе беа повредени. Помош за Турција пристигнува од целиот свет, додека сириската влада ја доби првата помош од ЕУ по земјотресот.

Спасувачите извлекоа 35-годишен маж од урнатините на шесткатната зграда во Хатај 149 часа по земјотресот.

Спасувањето траело околу пет часа, јавува ТРТ.

Седуммесечно бебе е спасено во турската провинција Хатај, 140 часа по силниот земјотрес што ги погоди таа земја и Сирија.

Како што јавува Anadolu Agency, една бремена жена и нејзиниот брат биле спасени во провинцијата Хатај, откако биле заробени во урнатините цели 140 часа.

Во провинцијата Кахраманмарас, 26-годишен маж е спасен од урнатините на единаесеткатна зграда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…