(Видео) Села за можните нови блокади од Бугарија по прифаќањето на францускиот предлог – Ова е Балкан тука е се можно
На прашањето дали е можно ново вето од Бугарија и покрај прифаќањето на францускиот предлог, лидерот на Алијансата за Албанците за Инфомакс истакна дека се наоѓаме на Балканските полуостров и тука се е можно.
-Ако зборуваме хипотетички во Балакнот, тука може да се случуваат многу работи. Затоа јас претпочитувам да не зборуваме хипотетички. Добра вест во Францускиот предлог е тоа што Бугарите си го чуваат своето право и мислење во врска со македонскиот јазик од друга страна на никого не можеш да му вметнеш идеја кој како се чувствува. Од друга страна треба да се почитува чувството кое го има секој граѓанин во светот. Тоа се нашите принципи, вели тој.
Села напоменува дека ако некој сака да го реши спорот со Бугарија потребно е меѓусебно признавање на идентитетот преку признавање на малцинствата.
-Добрите меѓусоседски односи се градат со признавање обострано на малцинствата и тука во Македонија па и во Бугарија на македонското малцинство. На одоговорт на Бугарија дека тоа е внатрешно прашање јас би одговорил дека за мене по моите принципи, прашањата на малцинствата не се на внатрешни работи на држави туку се прашања на Меѓународната делкарација за човекови права, вели Села.
Според него влезот на Бугарите во Уставот ќе значи признавање на различностите на двата народи, македонскиот и бугарскиот.
Кога некој инсистира дека сме исти треба да му покажеш дека си различен. А таа различност почнува од моментот кога ја прифаќаш различноста, со самото вметнување во преамбулата прифаќаш дека си различен и покажуваш дека си различен од некој што мисли дека си ист, додава тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Септемвриската просечна плата е 49.141 денар
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Раководител во „Комунална хигиена“ се заканувал со…
Раководител во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ бил…
СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…
Бугарија повторно се позиционира како еден од…
Коронавирусот е присутен и оваа сезона, регистрирани…
Во изминатата недела во земјава биле потврдени…
Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…
Учениците во средните училишта и студентите во…