(Видео) Се бара оставка од Миленко Неделковски – дали Вардар тоне поради нечии бизнис интереси?!
Чувствувам морална одговорност да бидам гласен каде што одговорните се неми!
Кога станува збор за #Вардар, симболот на градот, потсетувам дека ние ЛДП бевме единствената партија во Советот на Град Скопје која се одважи и поднесе иницијатива за финансиска поддршка за опстанок на клубот.
Оваа активност ја спроведовме во координација со навивачката група #Комити, додека превирањата помеѓу градската администрација, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги кратеа последните денови на Вардар и не преземаа никаков чекор за помош.
Оваа иницијатива, која ја изработи Советот за спорт на ЛДП, беше поднесена од нашиот советник, Проф. Д-р Никола Пановски до претседателот, Трајко Славески. На седницата, „Врелиот костен“ веќе беше решен со 36 гласа ЗА, Вардар ги доби потребните средства и кога сите мислевме дека ставивме крај на амбисот, за клубот почна нова голгота.
Секојдневно сме сведоци на континуирани лоши резултати но и на односот на релација навивачи, симпатизери со управата на клубот.
Имено, за прв човек на клубот од неодамна е назначен новинарот Миленко Неделковски, кој во своето работење во фудбалот во минатото од постигнати резултати има само скандали и уништување на клубовите. Накратко да се потсетиме на ФК Скопје и ФК Вардар со неговото неславно раководење во минатото пропратено со многу обвиненија.
Оттука, за ова назначување изразуваме сомнежи за постоење на одредени лични бизнис интереси додека клубот тоне.
Упатувам апел до управата на Вардар, од име на сите искрени навивачи и поддржувачи на ФК Вардар, спортски работници, општествено одговорни компании и сите оние кои се боревме за опстанок на клубот, да се изнајде брзо решение и излегување од моменталниот ќорсокак и неотповиклива оставка од надлежните.
Само така, со искрен пристап и преземање на конкретни чекори, ќе успееме да го вратиме ФК Вардар, гордоста на градот, онаму каде што му е местото, на шампионските патеки!
Влатко Неделковски, секретар на градска организација на ЛДП во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…