(Видео) Се враќаме во моронскиот Рибникар – Еве како учениците од училиштето каде се случи невиден масакар се фалат по социјалните мрежи
На социјалната мрежа „тикток“ деновиве се појави поразителна снимка од ОУ „Владислав Рибникар“ каде Коста К. изврши невиден масакр на 3 мај.
Имено, на видеото кое го објавија учениците од ова училиште, само една недела по трагедијата во која загинаа осум нивни другари и еден обезбедувач, можете да ги видите како без волја одат по скалите, како седат во училницата, а во краткото видео следува и морничавиот опис „Се враќаме во моронскиот Рибникар“.
Во ова училиште Коста К. со пиштолот на својот татко уби осум соученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ, а рани уште шестмина. Покрај деца, меѓу повредените има и професор по историја.
Поради повеќекратни убиства момчето-монструм се наоѓа на Детската клиника за неврологија и психијатрија, а во притвор е неговиот татко Владимир К.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…