(Видео) Се договориле да се договорат, ама уставни измени МОРА да има! Членството во ЕУ е надпартиски приоритет!

t

Со претседтаелите на парламентарните партии разговаарвме за државнит цели,за приоритетите и за активностите кои не очекуваат во следниот период.

Ги запознав лидерите на партиите детално со енергетската криза, разговаравме за владеењето на правото, борбата со криминал и корипција, а и блокираните закони ви собранието.

Дискусијата беше творена и така треба да продолжи во иднина, истакна на денешната прес-конфернција премиерот Ковачевски по завршувањето на лидерската средба во Собранието на РМ.

– Денес сме тука затоа што полноправното членство во ЕУ е наша стратешка цел потврдена во 2001 година во Собранието на РМ.

Денес смее тука затоа што после 17 години може да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ, вложивме многу труд но знаевме која е целта, тоа се НАТО и ЕУ, стратешки цели кои сме должни да ги исполниме.

Се докажавме како лојален партнер во НАТО, францускиот предлог беше усвоен во тензии и тека атмосфера во Собранието. Во заклучоците се гарантира дека историските прашања не се дел од преговарачката рамка и е признаен македонскиот јазик, а денес гледаме дека и ние и ЕУ ги исполнивме ветувањата.

ФРОНТЕКС е првиот и единствен договор одобрен од сите 27 земји членки, на кој сме ставиле потпис, а на кој стојат сите јазици на ЕУ, прано беше блокиран од Бугарија, сега не е.

Процесот е конечно започнат и сега е важно да се напредува во реформите, на долг рок бенефитот ќе го имаат нашите граѓани.

Процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува посветеност. Наше е да продолжиме со реформите, а членството во ЕУ е достижно многу брзо.

Граѓаните треба да знаат дека процесот на европеизација не епроект на едан политчка партија туку национален проект за кој сите треба да дадеме придонес, потребно е да се одблокира Собрнието и процесите.

Ако ги изгласаме уставните измени автоматски одиме понатаму, се отвараат кластерите без можност од понатамошни блокади, треба да го искористиме моментот на отворени врати во ЕУ и во најбрз можен рок.

Никој нема право да биде кочничар, членството во ЕУ треба да биде врвен приорит, наша единствена алтернатива е ЕУ, да ја искористиме поддршката која ја добиваме во моментов и да обезбедиме европска иднина за државата и нашите граѓани, истакна Ковачевски.

– Драго ми е што денес лидерите беа присутни на средбата, оваа средба доаѓа после состаноците и средбите кои јас ги имав со претседателите на политичките партии и оваа средба сама по себе е позитивна. Сите партии ги кажаа своите ставови, но ќе оставам секој лидер да го каже својот став, седнавме на заедничка маса да разговараме за овој важен момент.

Според мене сите партии треба да бидат свесни дека пристапувањето кон ЕУ е процес за кое нашите предци форимрале своја држава и вин-вин ситација е зачленување на Македонија во ЕУ со заштитен идентитет, јазик, култуен идентитет и историски прашања надвор од преговарачката рамка.

Денес сте ги кажаа своите ставови, имаше од моја страна предложено заклучоци, дека полтиичките партии се согласни дека членството во ЕУ е надпартиски интерес. Дека треба да дадат целосна поддршка на евроинтеграциските процеси, нема заеднички заклучоци, потврди Ковачевски.

Јас досега докажав дека сите одлуки се носени низ транспарентна процедуа, сите бевте свесни дека кога го имавме на маса францускиот предлог имаше широка консултација, секој можеше да го каже својот став. Не знам за какви начини на обезбедување на мнозинство зборувате, јас секогаш ќе ги почитувам демократските процедури во Собранието. Нормално е лидерите да ги реафирмираат своите ставови за Уставот, но тоа беше на ниво на предлози. Денеска не беа носени одлуки, најголемата придобивка е дека сите седнавме на иста маса, рече премиерот.

Ковачевски не открива дали Мицкоски побарал од него гаранции за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…