(Видео) Се запали гробот на Шабан Шаулиќ

t

За време на поменот по повод три години од смртта на легендарниот фолк музичар Шабан Шаулиќ, се запалил неговиот гроб, во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Настанот се случил денес, кога пламенот од свеќите кои ги палеле присутните ги зафатил венците со цвеќе. Како што пренесоа српските медиуми, оганот бил изгаснат за кратко време и не предизвикал значителна штета.

Шаулиќ го изгуби животот пред три години на денешен ден, во сообраќајна несреќа во Германија. Тој цели пет децении беше присутен на сцената и ја носеше титулата „крал на фолк-музиката“, а загина на 68-годишна возраст, откако во автомобилот со кој тргнал на аеродром удрило друго возило, управувано од 34-годишен маж, под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Во јануари годинава, возачот Алсин Левент беше осуден на три години и три месеци затвор, поради предизвикување на сообраќајна несреќа во која животот го загубија Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…