(Видео) Се крши прозорец на лет од Солун до Минхен – воздухот повлече патник, а неговата сопруга го држеше за нозете
Вистинска драма се случи утрово на летот организиран од компанијата Рајанер од солунскиот аеродром „Македонија“ према Минхен. Инцидент, кој ги шокираше патниците, се случил веднаш по полетувањето.
За време на летот се слушнал силен тресок, по што пукнал еден од прозорците, изјавил еден од патниците за порталот rthess.gr.
Притисокот во кабината паднал и се активирале маските за кислород. Според очевидци, најкритичниот момент бил кога патникот кој седел до скршениот прозорец бил повлечен. Тој со рамењата веќе бил надвор од авионот, кога патниците што седеле до него почнале да го влечат назад, меѓу кои била и неговата сопруга која го држела за нозете“, изјавиле очевидци за Радио Солун. Патникот се спасил и зошто имал врзано безбедносен појас.
Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, по што безбедно слетале.
Според последните информации, повредениот Србин бил пренесен во болница со амбулантно возило поради повреда на вратот. Лекарска помош била укажана и на бремена жена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Европа мора да се спротивстави на…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика Европа…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Сиљановска-Давкова: ЕУ не може да биде глобален…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека проширувањето на…
20 огласи за вработување во Министерство за…
Министерството за економија и труд има објавено…
Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…