(Видео) Се негира гeноцидот врз Русите во Украина, a Југославија беше бomбардирана за гeноцидот врз Албанците

t

Во најновата епизода на емисијата Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, зборувајќи за руско украинската криза, водителите го коментираа и геноцидот кој, според тврдењето на Русија се врши врз руското население во Украина.

Тој посочи дека не само што Украина го негира гоноцидот, туку и светските медиуми тврдат дека такви масовни убиства врз Руси не се случиле.

„Зошто да не се признае дека имало геноцид во Украина, зошто е страшно да се признае. Знамем дека Турција до ден денеска го негира геноцидот на Ерменците. Таму зборуваме за 4-5 милиони луѓе кои биле оставени во пустина, да умрат без храна и без вода“, вели Милош, додавајќи дека според официјалните податоци има најмалку 9000 лица убиени само затоа што се Руси.

Илковски потсети на Албанците од Македонија, кои ги помагаа Албанците на Косово поради геноцидот врз нив, кој беше повод за бомбардирање на Југославија од страна на НАТО, односно на коментарот на Путин

„Путин кога му го плесна, дека ќе го врата Крим кога ќе го вратите вие Косово.“, додаде Илковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Западот ја распарчи Југославија и Србите

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…

Истражителите на ОН го обвинија Израел за…

Истражителите на ОН го обвинија Израел за…

Македонија има најмала минимална плата во земјите…

Во земјите од поранешна Југославија, најниската минимална…

Ѓоковиќ: Обнова на Југославија е идеално сценарио

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во интервју за американски…

Шпаниjа ќе поднесе тужба против Изpаeл за…

Шпанија најави дека ќе се придружи на…