Објавено на:

(Видео) Се обидуваме да го спасиме секое дрво, вели Арсовска – Град Скопје го користи комплексниот процес на пресадување на дрва

t

Спасени се преку 100 дрва, цел дрворед кој беше планиран да се исече според планот кој го донела претходната админситрација, истакна градоначалничката Арсовска во денешната епизода на “Наше Скопје”.

– А зошто би биле прозивани за дрвото на Васко Каранѓелески? Напротив, кажете ми кој друг градоначалник го направил ова што го направивме ние? Ние превениравме сечење на тој целиот дрворед кој беше предвиден од претходната администрација да се сечат ги спасивме.

Тоа едно дрво кое го споменувате не само со полно внимание, беше заедно со службите и рачно отстрането и беше пресадено во гардскиот парк.

Тој дрворед таму има и емотивна вредност и ние не дозволивме да се уништи.

Тука службите од ЈП Паркови и зеленило и во соработка со шумарскиот факултет прво рачно се работеше на отстранување на дрвото, после се интервенираше со машината за да не се оштети. Дрвото беше пресадено на место на дрво кое било исечено пред мојот мандат.

Има многу работа да се спаси едно вакво дрво, на некој порано не му било грижа, ние ветивме дека нема да дозволиме да се сече доколку не е исушено или претставува некаков ризик за безбедноста. Доколку не е така треба да се преземат сите возможни мерки за да се спаси секое дрво.

Над стотина дрвја се спасени од сеча, а тоа било планирано во основниот проект.” – вели Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=565633165139631&notif_id=1654455765404816&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…