(Видео) Се огласи Ѓорѓе Давид и ги реши сите шпекулации, еве каде се наоѓа во моментов!
Ѓорѓе Давид, рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна доживеа страшна сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена, а сега тој се огласи и откри дека неговите документи сѐ уште се во обвинителството.
Музичарот објави видео на Инстаграм во кое ги замоли сите медиуми да не шпекулираат за неговата моментална ситуација бидејќи тоа му ја отежнува ситуацијата.
– Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Имено, не ги добив документите и не ја напуштив Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира – изјави Ѓорѓе Давид.
Да потсетиме, документите на Ѓорѓе Давид му беа одземени по сообраќајна несреќа во која жена го загуби животот откако музичарот налета на неа со автомобилот на автопат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…