(Видео) Се појави снимка од местото каде што беше затрупан фудбалерот Атсу 

t

Фудбалерот на Хатајспор и поранечен член на Челси, Кристијан Атсу синоќа беше извлечен жив од под урнатините на зградата во која живеел во Турција.

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е од местото каде што бил извлекуван фудбалерот од Гана. Атсу имаше среќа да биде пронајден жив, тој е во болница со повреди на ногата и имал отежнато дишење.

Веста ја потврдија и од неговиот клуб, Хатајспор, за жал нивниот спортски директор Танар Суват се уште не е пронајден.

„Кристијан Атсу е спасен. За жал, нашиот спортски директор Танар Суват уште е под урнатините“, напиша директорот Озат на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…