Објавено на:

(Видео) Се преврте патнички брод кај Кипар со 267 лица, досега спасени 159 патници

t

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“ со 267 лица се преврте денеска недолго по испловувањето од пристаништето Гирне на северот на Кипар. Според министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, на бродот имало 259 патници и осум членови на екипажот. Градоначалникот на Гирне, Мурат Шенкул, изјави дека досега се спасени 159 патници.

Бродот испловил околу 12:30 часот по локално време кон турското пристаниште Ташуџу во провинцијата Мерсин. Само два до три километри од брегот, од засега непознати причини, пловилото почнало нагло да прима вода. Капетанот испратил повик за помош, по што дел од патниците во паника скокнале директно во морето. Други успеале да се искачат на превртениот труп на бродот, каде што го чекале пристигнувањето на спасувачките екипи.

Во големата спасувачка операција се вклучени бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила и локални рибарски бродови. На брегот се распоредени и повеќе возила на итната медицинска помош за прифаќање на спасените патници.

Турските медиуми јавуваат дека има и повредени, но властите засега не го соопштуваат нивниот точен број и тежината на повредите. Спасувачката операција продолжува, а засега нема официјални информации дали има загинати или исчезнати лица. Надлежните служби треба да утврдат и што предизвикало бродот да почне да прима вода непосредно по напуштањето на пристаништето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…