Објавено на:

(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во Тексас: Загинаа двајца војници

t

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „Апачи“ се урна во средата во округот Бел, во сојузната држава Тексас.

Хеликоптерот AH-64 бил дел од воената база Форт Худ, а несреќата се случила на околу 100 километри северно од главниот град Остин, соопштија локалните власти.

По падот, леталото предизвикало пожар на полето. На местото веднаш биле испратени повеќе локални противпожарни екипи, кои интервенирале додека од остатоците се ширел густ чад.

Портпаролот на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврдил дека двајцата членови на екипажот биле прогласени за починати.

„Денеска хеликоптер „Апачи“ се урна во округот Бел за време на операциите во Форт Худ, при што загинаа двајца припадници на нашата војска“, соопшти гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Од базата Форт Худ ја потврдиле несреќата и смртта на двајцата војници, но нивниот идентитет засега не е објавен. Воените власти најпрво треба да ги известат нивните семејства.

На фотографиите од местото на несреќата се гледаат пожарникари како ги проверуваат остатоците од хеликоптерот, додека околу нив е опожарена тревата. Причината за падот засега не е соопштена и ќе биде предмет на истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАЈНА СРЕДБА НА АЕРОДРОМ ВО ИРСКА: Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржал неочекувана средба…

Сиљановска-Давкова: Мора да се стави крај на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните…

Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на…

Историски договор за Гренланд: САД добиваат огромно…

По повеќемесечни тензии околу иднината на Гренланд,…

Макрон по средбата со Зеленски: Франција ќе…

Франција ќе ја зајакне противвоздушната одбрана на…