Објавено на:

(Видео) Се урна судска зграда во Италија, повредена една жена

t

Лесно е повредена една вработена во фирма за чистење, која успеала да излезе непосредно пред рушењето. На теренот излегоа бројни екипи пожарникари, полиција и итна помош, а експерти проверуваа дали постои опасност од дополнително урнување.

Главниот обвинител Аксел Бизињано изјави дека централниот дел од судот е целосно неупотреблив.

„Сè уште е прерано да се зборува за причините. Сега ќе се фокусираме на тоа што побрзо да ја воспоставиме работата и да видиме како да ги распоредиме вработените”, објасни тој. Жители кои живеат во зградите околу Судскиот плоштад раскажаа дека слушнале „исклучително силен тресок, како земјотрес”, по кој следело урнувањето и голем облак прашина.

Гувернерот на Јужен Тирол, Арно Компатчер, изјави дека покраината Болцано е сопственик на зградата од 2018 година, и дека веќе имала подготвено повеќегодишен план за обнова, чиј дел биле и работите во тек.

„Мора темелно да се истражи дали тие работи се поврзани со денешното урнување”, додаде тој, истакнувајќи дека веќе почнале да бараат алтернативни простории за судските тела. „На крајот, можеме само да кажеме дека имавме голема среќа во несреќата. Не можам ни да замислам што ќе се случеше ако урнувањето се случеше во друго време од денот”, заклучи Компатчер.

Главниот пожарникарски инспектор, Кристијан Ауер, изјави дека во првиот момент помислиле дека станува збор за бомба или напад, но по првите проверки сфатиле дека станува збор за оштетување на статиката.

„Остатоците паднаа внатре во зградата, да имаше експлозија, ќе беа расфрлани низ целиот плоштад”, објасни тој, додавајќи дека конструкцијата веќе имала проблеми со продирање на вода. Домарот на судот, Федерико Роза, кој бил во зградата во моментот на урнувањето, раскажа дека се чувствува „како да го спасило чудо”, откако успеале да ја евакуираат вработената за чистење и да ги повикаат службите за итна помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Борисов прашува што ќе даде за возврат…

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…

Попpeчена активност на криминално верско радикална групација

Агенцијата за национална безбедност во координација со…

Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…

Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…