(Видео) Се што поминало на оваа територија му припаѓа на македонскиот народ! Сите револуционерни движења се повикувале на Александар и Филип, народот знаел дека се Македонци!

t

Професорот Тодор Чепреганов вечерва во Тешки муабети објасни дека договорите за добрососедство со Бугарија и Грција се уназадување во односите со државите, а дека оние кои ги потпишаа треба да одговараат за тоа.

– Мислам дека кога почнав да се занимавам со историја мислев дека се решени односите меѓу Македонија и Бугарија и дека можеме да бидеме пријатели со нив ама не испадна така.

За жал со Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија како да се вративме назад во 19-20 век кога пропагандите беа ширени низ Македонија и тоа бугарската, српската и грчката.

Мислам дека со Договорот за пријателство требаше да се решат голем број прашања, но не од историски аспект и да не уценуваат, јас неколку пати кажав дека не знам кој го потпишал Договорот, далеку е од вистината дека имаме заедничка историја.

Ама Бугарите тоа го искористија, сега не’ условуваат на патот кон ЕУ. Македонија за жал од 2001 живее како договорна држава, Рамковен, Преспански, Пржински, Преспански, сега се заговара проширување на Рамковниот… Ама сами се доведовме во таква ситуација, не треба да ја бараме кривицата кај Бугарите туку кај политичарите кои немаа сопствено јас, немаа ставови…

За крадењето на историјата и за недоволното познавање на истата професорот вели дека за тоа удел има периодот од 1941 до 1991 година кога билоо забрането да се зборуваат и пручуваат одредени теми.

– Она што се појави во однос на перењето на мозокот на Македонецот дојде како резултат пред се на периодот од 41-ва до 91-ва бидејќи беа забранети некои теми да се зборуваат. Потоа како да дојде до извесна национална преродба, на пример не се учеше за античка Македонија, се учеше дека припаѓа на грчка историја, не се учеше за национално-револуционерниот период туку се ставаше акцент на неколку измислени офанзиви за да се направи чувство на една нова држава.

После тоа имаше експлозија на националното чувство, добивме нови учебници. Пропагандата и во тој период имаше пропаганда која за жал е присутна и денес и не можеме да се ослободиме од неа. Одредени личности и настани кои се контраверзни се уште го брануваат македонскиот национален живот.

Според мене се она што поминало на оваа територија во историјата му припаѓа на македонскиот народ, од антиката до денеска. Каков е тој договор кој вели антиката ѝ припаѓа на Грција? Како може да прифатите на археолошки локалитет да ставите табла на која припаѓа дека ова не припаѓа на Македонија, тоа е апсурд, надвор од памет!

Со самото тоа што ни ја преземаат антиката, дали ние како Македонци во 6-ти век не донесоа како Македонци и не инсталираа на оваа територија и од тогаш сме го почнале тој континуитет? Не може така!

Сакале Бугарите да го земат средновековието, таму сме Бугари, османско-турски период не сме свесни што сме, одиме по религии кога не постои бугарска држава, јазикот бил близок со нивниот влегуваат во бугарската егзархија и стануваат Бугари ама ПОГОЛЕМ АПСУРД ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА ОД ТОА ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА НА НАС НЕ ПОСТОИ!

Сами сме криви, кој потпиша договори во кои се обезличуваме? Не се криви само Бугарите и Грците, во тоа учествуваат и Македонци кои треба да осговараат за тоа!

Бугарите се многу агресивни, настојуваат потпишаното да се оствари!

Секој народ има колективна меморја! Сите револуционерни движења во своите прогласи се повикуваат на Александар и Филип, никој не им кажал дека е тоа Хеленска култура, тие знаеле дека е тоа македонски херој и се повикувале на неговите херојски дела за да се дигне духот на народот!

Јас не би рекол дека комунизмот ги прифатил лвичарските револуционери, заради комунизмот. јас има тука еден апел од македонски студенти во Бугарија каде тие се повикуваат на Гоце и Даме во 1930 година! Во Пиринска Македонија, каде што делувале Тодор Александров и останатите не ги крстиле партизанските народи тие не живееле во колективната меморија на народот како добри луѓе.

Комунистите се обидоа да ги тргнат Ченто, Брашнаров ама не успеаја, не може да се избега од судот на народот! Јас не бегам од мојата колективна меморија, има таму и позитивни и негативни личности ама тоа е моја историја и ја прифаќам како таква ам ада кажеме кој што бил во свое време и за што делувал. тука нема бегање од тоа. Ние сме повикани да го правиме тоа му се допаѓало тоа на некој или не! – вели Чепреганов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ