Објавено на:

(Видео) Силен земјотрес ја стресе Јапонија

t

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска најсеверниот главен јапонски остров Хокаидо, но засега нема информации за материјална штета или повредени.
Земјотресот се случи на длабочина од 136 километри и го погоди југозападниот дел на Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Не е издадено предупредување за цунами, а не се забележани никакви проблеми во нуклеарните централи во областа, прекини на струја или брзи возови во северна Јапонија, јавува Асошиетед прес.

Земјотресот бил почувствуван низ поголемиот дел од Хокаидо, вклучувајќи ги градовите Читосе и Акумачо.
Се предупреди дека луѓето треба да внимаваат на силно невреме кое може да следи во следните неколку дена, како и од лизгање на земјиштето.
Локалните медиуми јавија дека возовите и метрото сообраќаат со задоцнување, како и дека дел од автопатот е привремено затворен.
Делови од северниот дел на Хоншу, најголемиот јапонски остров на кој се наоѓа Токио, исто така беа погодени, додека главниот град беше поштеден од земјотресот.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…

Едно лице загина, седум се исчезнати: Се…

Едно лице загина, а седум се водат…

Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди…

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени…

(Видео) Хаос: Први снимки од силниот земјотрес…

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…

Демири: Нови грант проекти за три здравствени…

Министерот за здравство д-р Илир Демири и…