Објавено на:

(Видео) Силна експлозија во Калитеа, уништена винарија, оштетени згради и автомобили

t

Жителите на Калитеа, рано утрово ги разбуди силна експлозија која се случила во винарска визба на улицата Лагумици во грчко летувалиште популарно и посетувано од македонските туристи.

Инцидентот во винаријата е регистриран по полноќ, поточно во три часот и пет минути по локално време и моментот на експлозијата е снимен од камерите од видео надзорот.

Звукот бил толку силен што се слушал во радиус од неколку километри. Продавницата е целосно уништена. Одделот за уништување експлозивни направи пронашол експлозив, бавногоречки фитил и детонатор на местото на настанот.

Експлозијата беше жестока и го потресла целиот кварт, предизвикувајќи штети освен врз винарската визба и врз соседните станбени згради, но и 11 паркирани автомобили, а некои се целосно уништени.

Како што може да се види на сликите што утринава ги објави СКАИ, соседните станбени згради претрпеле сериозни оштетувања.

Соседите за грчките медиуми изјавија дека „сопственикот на оваа визба поседува и познат ноќен клуб кој е од задната страна. Бил мета на ваков напад и пред десетина години кога исто така била уништена винаријата, а биле оштетени и околните згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силна експлозија во Калитеа, уништена винарија,…

Жителите на Калитеа, рано утрово ги разбуди…

Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…

Кавадарчанец натепал дете-сограѓанче во хотел во Калитеа

42-годишен жител на Кавадарци вчеравечер пријавил во…

(Видео) Драма во косовска Велика Хоча: Специјалци…

Ситуацијата во Велика Хоча во моментов е…

Прво демолираа, сега крадат: Туристи останаа без…

Два нови инциденти со возила на српски…