Објавено на:

(Видео) Сите голови на Марко Митев! Новата светла точка во македонската репрезентација!

t

Македонија ја доби првата победа на Европското првенство (ЕП) во последното коло против Швајцарија (29-27), но го доби и Марко Митев, средниот бек кој дефинитивно е играч за иднината.

Одамна на терените во нашата земја не се видел ваков ракометен ум. Младиот играч на Алкалоид кој има 20 години правеше буквално сѐ против Швајцарците. Атрактивни влезови, голови од далечина, од близина… брзи потези, разигрување на екипата. Едноставно, феноменален. Како и неговиот скор со ривалот – 5/5 гола и уште четири асистенции.

Марко Митев е играч за иднината. Да се надеваме дека по неговите стапки ќе тргне и неговиот брат Дамјан Митев, кој исто така е член на ракометниот клуб Алкалоид и важи за голем потенцијал.

Извор: Gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…